За прв пат од почетокот на пандемијата, Велес без заболени и активни случаи на ковид-19

Објавено на 12 јули, 2021 во 15:45

Без ниту еден активен случај на ковид-19, Велес влезе во листата на 22 градови во Македонија во коишто не се евидентирани ковид случаи. Од Центар за јавно здравје Велес, потврдија дека денеска, 12 јули 2021 година, е првиот ден од почетокот на пандемијата на ковид-19 во којшто нема ни заболени ниту активни случаи на коронавирусот во градот.

На листата што министерство за здравсво ја објави, освен Велес се и градовите: Штип, Кочани, Гевгелија, Неготино, Свети Николе, Ресен, Крива Паланка, Радовиш, Делчево, Виница, Пробиштип, Валандово, Богданци, Крушево, Демир Хисар, Демир Капија, Кратово, Македонски Брод, Пехчево, Македонска Каменица и Дојран.

Освен двајца активни случаи во Кавадарци, во останатите осум градови на Вардарски плански регион, исто така, нема активни случаи на ковид-19.

Според податоците на Министерство за здравство, во последното деноноќие направени се 1.749 тестови и регистрирани се пет нови случаи, тројца во Тетово и два во Скопје.

Регистрирани се шест оздравени пациенти и нема регистрирано починати лица.

Од почетокот на епидемијата до денеска вкупната бројка на ковид – дијагностицирани лица во државата изнесува 155.802, оздравени се 150.132, починаа 5.487, додека активни случаи се 183.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.