За првачињата, еднократна помош по 3000 денари

Објавено на 7 јули, 2022 во 14:37

Еднократна помош од 3000 денари за сите првачиња којшто оваа година ќе го започнат своето школување е иницијатива, којашто, денеска,  ја предложи советничката група предводена од СДСМ, пред почетокот на 18-тата седница на Советот на Општина Велес. Целта на оваа иницијатива е да се олеснат трошоците на родители коишто се создаваат пред почетокот на учебната година.

– Со оваа одлука Општина Велес ќе доделува еднократна парична помош за секој ученик запишан во прво одделение почнувајќи од оваа учебна година. Со оглед на покачените трошоци за живот сметаме дека со оваа финансиска помош ќе придонесеме во олеснување на семејниот буџет, рече Пандорка Прличкова, од советничка група на СДСМ во Совет на Општина Велес.

Оваа иницијатива беше изгласана на денешната седница на Советот на Општина Велес којашто се уште трае.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.