Загина маж во тешка сообраќајна несреќа кај патарина „Виничани“

Објавено на 20 септември, 2023 во 15:57

Сообраќајната несреќа се случила денеска, околу пладне, на автопат Велес-Неготино, после наплатна станица „Виничани“. Таму товарно возило марка „фолксваген“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.А.(47) од Скопје, излетало од коловозот.

Од здобиените повреди возачот починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Велес.

„По наредба на јавниот обвинител, телото на починатиот ќе биде дадено на обдукција,“ соопшти портпаролката Билјана Ѓаковска на Секторот за внатрешни работи Велес.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.