Загина велешанец во тешка сообраќајна несреќа
40 годишниот А.М од Велес загина во сообраќајна несреќа што вчера во 14:10 часот, се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на населбата „Три чешми“. Велешанецот го управувал патничкото возило „хонда ЦВ“ со велешки регистарски ознаки, во директниот судар со патничко возило „тојота корола“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.И (39) од Битола.
Според итната медицинска помош на Здравствен дом – Штип, што прва интервенирала на лице место, кај двајцата возачи била констатирана смрт на местото на несреќата.
Во несреќата со повреди се здобил и сопатникот од возилото „тојота корола“, Б.К.(30) од Кочани,кој бил пренесен во Клиничката болница во Штип. На местото на несреќата, увид извршиле екипа на СВР Штип и јавен обвинител. По наредба на јавниот обвинител, телата на починатите биле предадени на обдукција.
Сообраќајната несреќа на експресниот пат Штип – Кочани, била причина за сообраќајот да биде во прекин од 14:45 до 20:00 часот. Во истиот временски период возилата биле пренасочувани на магистралниот пат Штип-Кочани.
Стефани Манева