Запален контејнер на паркингот кај градски пазар во Велес, спречена штета на паркираните автомобили

Објавено на 20 декември, 2023 во 09:44

Територијалната противпожарна единица Велес преку својот фејсбук профил соопшти дека вчера, во 16:23 часот е примена дојава за запален контејнер на паркингот во близина на градскиот пазар.

– ТППЕ Велес излезе на лице место со 1 противпожарно возило и 3 пожарникари спасители. Со брзата интервенција спречено е пожарот да направи штета на паркираните автомобили, додаваат од ТППЕ.

Инаку ова не е единствен случај, во саботата, на 16 декември, ТППЕ соопшти дека бил запален и контејнер на улица Методија Андонов Ченто.

Се апелира до сите граѓани доколку забележат пожар да се јават на бесплатните тефелонски броеви 112 и 193.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.