Запазен протоколот и мерките против Ковид-19 при чествувањето на храмот на црквата „Света Богородица“ во Велес
Трпеливо, во создаден долг ред, без метеж и со примена на ковид протокол денеска велешани го чествуваа духовниот празник „Успение на Пресвета Богородица“ при традиционална посета на духовниот храм што го носи името на светицата во градот. Тој меѓу граѓаните е познат и по името Влашка црква и се наоѓа на источната страна на стариот дел на Велес, во близина на „Читкушова чешма“.
Граѓаните одговорно се однесуваа и во внатрешноста на духовниот објект. Фотографиите говорат дека кога се сака тогаш може да се испочитува традицијата и да се внимава на личното и на јавното здравје.
Дел од верниците велеа дека овој пример треба да биде секојдневна глетка и во останатите јавни институции, во парковите, во продавниците и маркетите во Велес.
Убавка Јаневска