Започна реконструкцијата на двата објекти за социјално домување во Чашка, осум семејства ќе добијат поубав дом
Се реконструираат двата објекти за социјално домување во Чашка во кои осум семејства ќе добијат поубав и потопол дом. Проектот „Социјално Домување во Чашка„ којшто го спроведува локалната самоуправа со поддршка на Хабитат Македонија и фондација Saint Gobain интензивно се спроведува а вчера во рамки на проектот беше организиран и волонтерски ден во општината.
Градоначалникот Горан Стојановски објасни дека проектот има за цел да ги подобри условите за домување на осум семејства кои живеат во две општински згради.
-Исто така проектот има за цел да го надгради дневниот центар за социјални услуги за ранливите лица и да ги зголеми можностите за вработување во општина Чашка преку бесплатна обука за сертифицирање на 10 лица од областа на градежништвото. Во рамките на пректот беше организиран и волонтерски ден во населба Чашка каде тимовите на општина Чашка, Хабитат Македонија, Saint Gobain и сертифицираните волонтери ја започнаа реконструкција на двата објекти за социјално домување во Чашка, објаснува Стојановски.
Инаку проектот е финансиран од Saint Gobein, Хабитат Македонија како и локалната самоуправа.
Стефани Манева