(Обновено) Земјена и бетонска улица со дупки во Чашка и во село Мелница послани со бетон, општината најавува реконструкција на улици уште во 10 населени места

Објавено на 29 мај, 2025 во 16:04

Двеста и дваесет метри должински од улица во Долно Маало на село Мелница, денска, бетонирана е повторно поради искршениот бетон и дупките кои по петнаесеттина години од првата поправка го отежнуваа движењето на жителите во селото. Бетонирање се изведе и на крак од улица „Кочо Рацин“, во населба Чашка, долга 100 метри. Вкупната должина на двете реконструкции изнесуваат 400 метри должински.

Финансиските средства  обезбедени се од Програмата за градежно уредување за 2025 година на Општина Чашка во која се предвидени 15 милиони денари. Градоначалникот Горан Стојановски најавува реконструкција со општински пари и на улици во други 10 населени места на територијата на општината.

 -Наместо по калдрма или по земјена површина граѓаните ќе се движат по бетонски улици. Општината преку јавна набавка што чини 3 милиони денари на тендер ја избра фирмата „Делта пром“ за набавка и транспорт на готов бетон додека вградувањето или бетонирањето, како на овие две така и за преостанатите во 10 населени места, ќе ги изведува ЈКП „Тополка“. Реализацијата на годинешната Програма за градежно уредување има за цел да продолжи со обезбедување добра инфраструктура подеднакво за сите граѓани во општината, додаде Стојановски.

Во наредниот период бетонирани ќе бидат улици во населените места Еловец, Врановски анови, Теово, Оморани, Горно Врановци, Долно Јаболчиште, Горно Јаболчиште, Согле, Ореше, Нежилово и Богомила.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.