Зголемен бројот на домашни посети на велешката Итна помош
Објавено на 4 август, 2022 во 12:11
Зголемен е бројот на повици за домашни посети на телефонскиот број 194. Службата за Итна медицинска помош на Здравствен дом Велес, во споредба со месец јуни, во втората половина на јули реализирала вкупно 653 домашни посети од кои 143 пациенти биле транспортирани во Општа болница Велес.
– Во амбулантата на Брза помош, во Здравствен дом Велес,прегледани се вкупно 1964 пациенти. Вкупниот број се однесува на пациенти кои побараа медицинска помош како во текот на денот така и во ноќните часови, рече началничката и портпаролка д-р Васе Поп Стефанова Панова.
Вкупниот број на издадени здравствени услуги се однесува на периодот од 27 јуни до 31 јули, годинава.
Убавка Јаневска