Жител на Виничани се обидел да прегази жена во нејзиниот двор, сопругот пријавил во полиција
Објавено на 31 мај, 2025 во 15:01

Педесет и пет годишниот Т.С. од село Виничани, општина Градско, вчера, во 14:00 часот пријави во Сектор за внатрешни работи Велес дека Љ.К. од истото село, со патничко возило „Пежо“ со велешки регистарски ознаки, влегол во неговиот двор и се обидел да ја прегази неговата сопруга Х.С.
„ Потоа ги навредувал и им се заканувал него и на неговиот син М.С. За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР Велес.
Убавка Јаневска
