Жителите на населба Дворови три ноќи без улично осветлување, причина бил дефект на мрежата

Објавено на 25 октомври, 2022 во 15:02
Фото: Улица во мрак во населба „Дворови“

Продолжениот викенд ги остави без улично осветлување жителите на улиците во велешката населба „Дворови“. Светилките светеа до петок 21 октомври. Се угасија на полноќ и повторно не засветија до утрово. Дел од жителите на „Благој Абрашев“,„Скопска“,„Благој Нечев“ и соседните улици јавно објавија на социјалните мрежи дека за време на продолжениот викенд нивните улици се во целосен мрак. Некои коментираа дека можеби се дел од рестриктивните мерки за заштеда на електрична енергија.Во исто време бараа одговори за причината и секако времетраењето на мракот поради потешкото движење низ сокаците и маалата по 19 часот.

Дума.мк побара став од Општина Велес за причините за темнината во една од централните градски улици како и за времетраењето на мракот во ноќните часови. Во одговорот на Општина Велес пишува:

Фото: Улица во мрак во населба „Дворови“

„ Во однос на Вашето прашање Општина Велес ве информира  дека причината за немање на улично осветлување на дел од улиците во месноста викана „Дворови” е дефект во мрежата на улично осветлување. Се надевеме дека во текот на денешниот ден, 25.10.2022 година, дефектот ќе биде одстранет.“

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.