Жителите на реконструираната улица „Луј Пастер“ во Велес бараат тротоари, Градоначалникот Колев тврди дека не можат да се изведат

Објавено на 22 октомври, 2024 во 15:23

Проширена, со уште една коловозна лента, откако сопствениците на поранешната фабрика „Киро Ќучук“, дозволиле да се урне потпорниот ѕид и претходно се смени водоводна цефка, заврши реконструкцијата на улицата „Луј Пастер“ во Велес. По петмесечното  изведување на подготвителни, градежни и други дополнителни  работи, оваа улица долга 200 метри доби и нов асфалт. Со финансиски средства одбезбедени од Министерството за транспрт и врски, преку Светската банка, како и со општински, од локалниот буџет, жителите од овој дел на градот, долж железничката пруга Велес – Битола, добија современа сообраќајница. Но, тие се незадоволни затоашто останаа без тротоари.

Дел од нив велат дека улицата е само сообраќајница којашто ја користат возила, камиони и други видови на механизација. До коловозот не се изградени тротоари. Граѓаните, како и претходно, не можат по неа да се движат. Затоа бараат Општина Велес да изгради тротоари таму каде што дозволува конфигурацијата на теренот со што ќе им го олесни пешачењето.

Според Градоначалникот Марко Колев, општината имала обврска, да изгради потрпорен ѕид но не и тротоари.

-Проширувањето на оваа улица  е поради 30 годишното барање на жителите истата да се реконструира и прошири.Урнат е потпорниот ѕид со кој улицата е проширена и колите можат да се разминуваат.Но секој кој што ќе помине по оваа улица ќе може да види дека од едната страна се наоѓа железничката пругата,а од другата страна се дворовите на жителите. Не можеме да ги уриваме. Поради тоа изградбата на тротоари на улицата „Луј Пастер“ не може да се реализира, рече Колев.

Но, дел од жителите на „Луј Пастер“ тврдат дека претходно од општина добиле ветување дека тротоари ќе добијат, на делови каде изградбата е возможна, додека на останатите каде условите не дозволуваат, ќе мора сами да се снаоѓаат. за што очекуваат од локалната власт да го одржи ветувањето.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.