„Гемиџиите“ бараат: ФК „Борец“ да го претставуваат делегат во ФФМ и тројца во ОФС

Објавено на 22 јануари, 2021 во 17:54

141784021 248132763355929 9206375523444352280 n

22.01.2021

„Од нашите си патиме“, „За пусти пари проклети“, „ОФС профитери“ пишуваше на транспарентите со кои навивачката група „Гемиџии“ ја блокираа два часа раскрсницата пред зградата на велешки театар. Тие пееја навивачки песни како и македонската народна песна „Абре македонче“.

Велејќи дека „ФК Борец“ е нивната партија, „Гемиџиите“ ја блокираа два часа главната градска улица „Благој Ѓорев“ во знак на донесените одлуки на последното Годишно изборно собрание на Општинскиот фудбалски сојуз.

Според Ристе Најдов навивачите протестираат со цел ФК „Борец“ да остане во првата македонска лига, да има еден клучен делегат во ФФМ и тројца делегати во Општинскиот фудбалски сојуз.Гемиџиите понудија да бидат медијатори помеѓу спонзорот на ФК „Борец“, соптвеник на компанијата „Брако“, Кочо Анѓушев и старо новиот претседател Лазе Ракиџиев како и раководството на Општинскиот фудбалски сојуз.

– Ке изготвиме Меморандум доставен до двете страни, ќе бидеме мост помеѓу двете страни, нема да завземе страна или некого да напаѓаме. Повторно ќе кажам го браниме интересот на ФК „Борец“ . Тие тоа можат доколку сакаат, додаде Најдов.

Инаку на последното Изборно годишно собрани на ОФС Велес ,одржано пред седум дена, не беше избран ниту еден претставник на ФК „Борец“ помеѓу четворицата избрани делегати што ќе ги претставуваат интересите на велешките фудбалски клубови, во Фудбалската федерација на Македонија.Тогаш спонзорот Анѓушев го најави своето повлекување од клубот.

Стефани Манева

141678770 230909111960595 8781645723854425441 n

140923825 3772746026093730 3511667679406350493 n

#ФК „Борец“ #ГрупаГемиџии #Протест #БлокиранаРаскрсница #ФФМ #ОФС 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.