Ангел Петрушев државен првак во две дисциплини на кајак – јуниори на патека Вардар
На патеката на река Вардар во центарот на Велес се одржа државното јуниорско првенство во кајак на диви води во организација на Кајакарската федерација на Македонија а како технички домакин беше КК „Бабуна“.
Во ц-1 најдобар беше Ангел Петрушев од ККК „Вардар“ Велес пред Коце Игнатов од КК „Бабуна“ и трет е Стефан Рибарски од ККК „Вардар“.
Две девојки настапија во оваа дисциплина. Победи Олгица Мелова од КК „Просек“ од Демир Капија пред Ангела Димова од КК „Бабуна“ од Велес.
Во К -1 Ангел Петрушев е државен првак пред неговиот клубски соиграч од КК„Вардар“, Стефан Рибарски и третоппласираниот Коце Игнатов од КК„Бабуна“.
Во женска конкуренција победи Олгица Мелова од екипата на КК„Просек“ од Демир Капија пред Ангела Димова од ККК „Бабуна“ и Марија Пановска од екипата на КК„Гемиџии 903та“ исто така од Велес. Во 3 пати К-1 победник е екипата на „Просек„ пред „Вардар-1“ и „Бабуна“.
Екипен првак е велешки „Вардар“ со 99 бода пред „Просек“ со 81 и „Бабуна“ со 71 бод.
Следниот викенд не очекува пионерското државно првенство а во план е и одржувањего на “ВЕЛЕС ОПЕН” под покровителство на Општина Велес и oрганизација на ККК „Вардар“ од Велес.
Лазар Лазаревски