Ангел Петрушев државен првак во две дисциплини на кајак – јуниори на патека Вардар

Објавено на 6 септември, 2021 во 09:13
Ангел Петрушев државен првак за 2021 година

На патеката на река Вардар во центарот на Велес се одржа државното јуниорско првенство во кајак на диви води во организација на Кајакарската федерација на Македонија а како технички домакин беше КК „Бабуна“.

Во ц-1 најдобар беше Ангел Петрушев од ККК „Вардар“ Велес пред Коце Игнатов од КК „Бабуна“ и трет е Стефан Рибарски од ККК „Вардар“.

Државно првенство во кајак 2021 на патека Вардар

Две девојки настапија во оваа дисциплина. Победи Олгица Мелова од КК „Просек“ од Демир Капија пред Ангела Димова од КК „Бабуна“ од Велес.

Во К -1 Ангел Петрушев е државен првак пред неговиот клубски соиграч од КК„Вардар“, Стефан Рибарски и третоппласираниот Коце Игнатов од КК„Бабуна“.

Во женска конкуренција победи Олгица Мелова од екипата на КК„Просек“ од Демир Капија пред Ангела Димова од ККК „Бабуна“ и Марија Пановска од екипата на КК„Гемиџии 903та“ исто така од Велес.  Во 3 пати К-1 победник е екипата на „Просек„ пред „Вардар-1“ и „Бабуна“.

Државно првенство во кајак 2021 патека на Вардар

 Екипен првак е велешки „Вардар“ со 99 бода пред „Просек“ со 81 и „Бабуна“ со 71 бод.

Следниот викенд не очекува пионерското државно првенство а во план е и одржувањего на “ВЕЛЕС ОПЕН” под покровителство на Општина Велес и oрганизација на ККК „Вардар“ од Велес.

Лазар Лазаревски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.