Девет каратисти и три тима на велешки „Гладијатор“ ќе учествуваат на Балканско првенство во Словенија

Објавено на 6 ноември, 2023 во 14:26

По одличните резултати постигнати на Државното првенство за кадети, јуниори и јниори до 21 година 12 каратисти на КК„Гладијатор“ обезбедија учество на Балканско првенство. Тоа се каратистите: Марко Поптодоров – јуниори ката, Лука Бацковиќ во Кадети Кумите, Хасан Чорески Кадети во Кумите, Борјан Димовски Кадети во Ката, Мартина Арсовска и Андреа Алексовска во Ката У21, Кристијан Главинов Кадети во Ката, Марко Димовски  Јуниори во Ката и Давор Пановски Кадети во Кумите. Исто така пласман на Балканското првенство остварија машкиот Кадетско Јуниорски Ката тим и Ката женскиот тим во У21.

Велешкиот карате клуб пласманот за учество на балканското првенство во Словенија го оствари во саботата, на 4 октомври, коешто се одржа во Скопје.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.