Екипата на „Тим Локомотива“ од Градско ја извојува првата победа во второлигашката конкуренција

Објавено на 27 септември, 2021 во 11:01

Во натпревар од петото коло совладана е екипата на „Братство“ од Житоше со резултат 1:0. Стрелец на голот е Бесмир Даци во 90 тата минута.

Диме Тодоровски, шефот на стручниот штаб на „Локомотива“  задоволен е од победата и трите бода но не и од ефикасноста.

-Напаѓавме 90 минути, промашивме многу шанси, не погодувавме и од непосредна близина. Гостите се бранеа со сите играчи, играа класичен бункер, симулираа повреди, го задржуваа времето. Сепак правдата е задоволена во последен момент. Добро е што создававме шанси а стрелците ќе мора да „проработат“. Имаме игра но ќе мора да се работи на реализацијата, додаде Тодоровски по натпреварот.

Натпреварот се играше на домашен терен, во населбата Градско.

Лазар Лазаровски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.