ФК „Академија Нацев“ трети на турнир во Штип
Објавено на 13 јуни, 2022 во 10:08
Се одржа традиционалниот турнир во мал фудбал „Ѓорги Стојков – Пивка“. Победник е екипата на „Орлета“ од Благоевград – Бугарија која во финалето беше поуспешна од домашниот штипски состав „Мал Ајакс“ совладувајќи ги со 4-0. Во натпреварот за третото место „Академија Нацев“ убдливо ја совлада скопска „Железарка“ со 6-0.
Натпреварите се одиграа во најмлади категории, генерација 2014-2015. Натпреварите ги следеа голем број на гледачи а младите фудбалери од сите 4 екипи покажаа допадлив фудбал.
Се играше пред полни трибини а фудбалерите на „Академија Нацев“ ги оправдаа очекувањата иако во споредба со останатите екипи беа помлади во просек за една година.
Најдобар стрелец е прогласен Матео Андов од екипата на „Академија Нацев“.
Лазар Лазаревски