(фото) Каратиските на КК „Гладијатор“ обезбедија учество на светско првенство во Унгарија
Карате клуб „Гладијатор“ од Велес постигна одлични резултати на државниот натпревар за Сениори – Куп на Македонија. Каратистите на овој велешки клуб освоија две први место, едно второ и едно трето место.
Прво место Ката поединечно освои каратиската Мартина Арсовска, исто така прво место освои и женскиот Ката тим составен од каратиските Мартина Аросвкса, Теа Гашева и Андреа Алексовска. Додека во конкуренција на ката тим машки второто место го освоија Марко Поптодоров , Стефан Стојановски и Марко Димовски, а во категорија кумите мажи до 67 килограми третото место го осови Даниел Караманов.
-Со вака постигнати одлични резултати Карате Клубот „Гладијатор“ и градот Велес се стекнаа со преставници за учество на светско првенство во Унгарија што ќе се одржи во градот Будимпешта. Велешките каратисти ќе се натпреваруваат во две дисциплини – Ката женски поединечно и Ката женски екипно, рече Климентина Војдиновска тренер на Карате клуб „Гладијатор“.
Стефани Манева