Ранготов: Не бевме лоши, не сум задоволен од судењето

Објавено на 13 јуни, 2021 во 21:04
Перо Ранготов, поранешен фудбалер и тренер

На првиот натпревар на европското првенство во фудбал репрезентацијата на Македонија загуби со 1: 3 од Австрија, но не се посрамоти. До 70- тата минута резулатот беше нерешен но потоа падна концентрацијата кај репрезентативците.

      Како го виде натпреварот Петар Ранготов, поранешен фудбалер и тренер, како и  една од легендите на велешкиот фудбал.

“Не бевме лоши, очигледно беше неискуството од големите настани. Сепак ова е наше прво учество на европско првенство. Ке мора да се игра поконцентрирано пред се во финишот. Можеби требаше да се игра поблиску до Алаба. Голманот Димитриевски бранеше на инзворедно ниво. Лично не сум задоволен и од судењето. На крај сепак играме на европско каде противниците се силни и не се победува лесно. Нема место за лоши мисли впечатокот е сепак добар и одиме понатаму, играме уште две средби.”

       Следен противник е репрезентацијата на Украина и можост за први  бодови.

Групно гледање на натпреварот Македонија – Австрија
Фудбалска еуфорија во кафетериите во Велес

Инаку, фудбалската еуфорија го зафати Велес. Во сите кафетерии во градот се гледаше првиот натпревар на македонските репрезентативци. Се навиваше и еуфорично беше прославен првиот гол на Пандев.

Лазар  Лазаровски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.