Украина втор предизвик за Македонија

Објавено на 16 јуни, 2021 во 11:08
Фудбалските ветерани Ќумбев, Наунов, Ранготов, Велковски и Боров

Втор противник на европското фудбалско првенство на македонската репрезентација  е екипата на Украина, која одигра одличен натпревар со фаворитот Холандија. Кој се очекувањата и прогнозите пред средбата со Украина ги прашавме поранешните фудбалери на „Борец“ Љубе Велковски, Петар Ранготов и Тоше Нацев.

-Украина е силен противник, што несрекно загуби  од Холандија. Одлично се подготвени. Ако сакаме да победиме мораме да одиграме како на оној пријателски натпревар со Словенија. Имаме квалитет очекувам победа, рече Велковски.

-Репрезентацијата на Украина, со тренерот Шевченко, покажа  физичка и психичка подготвеност на највисоко ниво. Нашата репрезентација мора да покаже најдобра игра и да се испочитуваат советите на тренерот Ангеловски за да се реализираат неговите замисли, сугерира Ранготов.

-Очекувам тежок натпревар. Украина е незгоден противник. Нашите репрезентативци мораат да одиграат најдобро што знаат и умеат за да поситигнат резултат. На европско првенство нема лесни противници, смета Нацев.

Фудбалските ветерани Велковски, Нацев и Ранготов со починатиот Зоран Јовановски

Исто како Велковски, Ранготов и Нацев така и огромен број на велешани, подготвени за бодрење и навивање, најавуваат дека утре во 15 часот ќе бидат пред телевизиските екрани. Во скоро сите кафетерии и угостителски објекти во градот, се подготвува посебна атмосфера, за групно гледање и навивање за време на телевизискиот пренос на фудбалскиот натпревар Македонија – Украина.

Лазар Лазаровски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.