Фудбалерите на Борец конечно ги израдуваа симпатизерите
Во натпревар од 28 коло на првата фудбалска лига на градскиот стадион во Велес стигнаа до победа над цврстиот состав на ФК „Струга Трим Лум“ со резултат од 2:0. Во првите 45 минути не видовме речиси ништо од она што ја краси оваа игра. Се играше на средината на теренот со многу грешки и посетителите помислија декa ова ке биде уште еден резултатски дебакал на Борец.
Во вториот дел сосема друга слика. Домашните напаѓаа и таквата игра вроди со плод. Во 67 минута Ѓоргиев проби по десната страна, испрати употреблив центаршут а Ѓорѓевиќ биеше непогрешливо. По водсвото домашните продолжија со добрата игра и во 78 минута Ѓоргиев се ослободи од своите чувари на кои не им остана ништо друго освен да направат прекршок во шеснaесетникот. Сигурен од белата точка беше Ѓоргиев и Борец поведе со 2:0.
Во 90 минута Ѓорѓевиќ беше соборен во гостинскиот шеснаесетник и судијата повторно покажа на белата точка. Ѓоргиев овојпат биеше над голот. Последните неколку минути поминаа во нервозна атмосвера. Гостите како да очекуваа дека лесно ќе победат во Велес и не се надеваа дека ќе наидат на мотивиран противник.
Следното коло Борец му гостува на Тиквеш во Кавадарци.
Лазар Лазаровски