Фудбалерите на Борец конечно ги израдуваа симпатизерите

Објавено на 17 април, 2022 во 12:57

Во натпревар од 28 коло на првата фудбалска лига на градскиот стадион во Велес стигнаа до победа над цврстиот состав на ФК „Струга Трим Лум“ со резултат од 2:0. Во првите 45 минути не видовме речиси ништо од она што ја краси оваа игра. Се играше на средината на теренот со многу грешки и посетителите помислија декa ова ке биде уште еден резултатски дебакал на Борец.

Во вториот дел сосема друга слика. Домашните напаѓаа и таквата игра вроди со плод. Во 67 минута Ѓоргиев проби по десната страна, испрати  употреблив центаршут а Ѓорѓевиќ биеше непогрешливо. По водсвото домашните продолжија со добрата игра и во 78 минута Ѓоргиев се ослободи од своите чувари на кои не им остана ништо друго освен да направат прекршок во шеснaесетникот. Сигурен од белата точка беше Ѓоргиев и Борец поведе со 2:0.

Во 90 минута Ѓорѓевиќ беше соборен во гостинскиот шеснаесетник и судијата повторно покажа на белата точка. Ѓоргиев овојпат биеше над голот. Последните неколку минути поминаа во нервозна атмосвера. Гостите како да очекуваа дека лесно ќе победат во Велес и не се надеваа дека ќе наидат на мотивиран противник.

 Следното коло Борец му гостува на Тиквеш во Кавадарци.

Лазар Лазаровски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.