ГОК „Борец“ – ОК „Шкендија“ Тетово 2:3
Објавено на 21 март, 2022 во 10:45
По сетови 26:28,29:27,15:25,25:19 и во тајбрекот 18:20.
Маратонски натпревар одиграа одбојкарите на „Борец“ и „Шкендија“. Мечот изобилуваше со низа пресврти. Обата состава играа добро во поле, сервисот на високо ниво, приемот одличен а блокот гранитен. Во првите два сета се играше на разлика и до последен момент не се знаеше победникот.
Во третиот доминираа гостите во четвртиот домакинот. Петиот решавачки сет е приказна за себе. Екипите се менуваа во водсво да пред крај „Борец“ има два поена предност. Но еден непрецизен сервис допринесе да среќата им го заврти грбот на домашните. На крај два бода за „Шкендија“ а еден за „Борец“ во натпревар во кој највеќе профитираа гледачите кои уживаа во одлична одбојка.
Лазар Лазаровски