КМФ „Кеги моби“ го декласираше КМФ „Астибо“ во спортска сала „Гемиџии“
Убедлив триумф на велешани попладнево во салата „Гемиџии“. Во текот на натпреварот против штипјани играчите на „Кеги моби“доминираа на теренот и едноставно не им дадоа на гостите ниту да помислат дека можат да приредат изненадување.
„Кеги моби “ ги разреши дилемите околу победникот уште во 14 минута на натпреварот кога резултатот изнесуваше 5:1.
Во вториот дел доминантната игра на домаќинот продолжи и резултираше со уште три гола во гостинската мрежа.
Тренерот на „Кеги моби“ Панче Нанев го очекувал ваквиот расплет на натпреварот.
-Максимално сериозно влеговме во натпреварувачката средба. Играчите беа мотивирани и го надигравме противникот од кој очекував посилен отпор. Кога имаме ваков пристап тешко некој ке ни се спротивстави. Честитки до сите играчи за залагањето и покажаното, рече за Дума мк Нанев на крајот од натпреварот.
Лазар Лазаровски