КМФ “Кеги Моби” најсериозрен претендент за влез во прва лига, по победата на КМФ„Црешово топче“ во Пробиштип
КМФ „Црешовото топче“ – КМФ „ Кеги Моби“ 3:8. Овој резултат говори се. Екипата во мал фудбал „Кеги Моби“ без некои потешкотии стигнаа до победа на гостувањето во Пробиштип. Домашните немаа квалитет да му се спротивстават на аспирантот за освојување на првото место во лигата.
Боби Давчевски вообичаено го одигра нстпреварот на високо рамниште. За Дума. мк изјави:
“Игравме опуштено, разликата во квалитет беше очиглрдна и одигравме толку добро колку што требаше за да стигнеме до бодевите. Рутинирано победуваме и враќањето во првата футсал лига е се поизвесно. Добро сме подготвени составот е квалитетен и не би требало до крајот на првенството да си дозволиме некој да не изненади и да ни ги поремети сметките. “
Од досега покажаното велешкиот состав е најсериозен кандидат за освојување на титулата а навивачите на клубот со нетрпение очекуваат натпревари во првата лига.
Лазар Лазаровски