Крапчиите на „Бабуна“ уловија највеќе риба во првото коло
Во Свети Николе на езерото Мавровица во организација на македонската риболовна федерација се одржа првото коло од државното првенство во крапски риболов. Учество земаа 15 екипи од државата.
Како најдобра се покажа екипата (Дуо Јован Начаров и Борче Тодоровски) членови на здружението на спортски риболовци „Бабуна“ од Велес. Тие уловија 30 риби со вкупна тежина од 98 килограми 620 грама. Второ место освои ,,Фишинг индустри ” од Крива Паланка со уловени 20 риби со тежина од 95 кг и 430 гр. Трето пласирана е екипата на ЦО-2 од Скопје која имаше улов од 16 риби со тежина 94 килограми и 940 грама.
На натпреварот беа уловени 188 риби со вкупна тежина од 753 килограми. Најголема риба имаше екипата од Крива Паланка од 20 килограми и 290 грама.Ова беше натпревар во кој до последен момент не се знаеше победникот, буквално со улов во последните 2 минути велешани стигнаа до победата. Условите под кои се одржа првото коло беа извонредни .
Лазар Лазаровски