Мартина Арсовска од Клуб „Гладијатор“ ќе биде дел од Европско првенство за сениори во Шпанија
Клуб „Гладијатор“ од 22 до 26 март, годинава, ќе биде дел од Европското првенство за сениори во Гвадалахата во Шпанија. На последниот „play off“ натпревар за сениори којшто беше последен филтер за пласман на Европското првенство за сениори во Гвадалахара, Мартина Арсовска, со супериорни победи во кати го заслужи местото во државната репрезентација.
-Мартина Аровска има дисциплина ката тим, кадешто синхронизирано настапуваат по тројца натпреварувачи заедно. За да се квалификуваш на едно Европско првенство, мора прво да си најдобар во својата категорија на државно првенство. Потоа уште еден филтер, поточно, play off, секој со секого и потоа изборуваш статус на репрезентативец, соопштија од карате клуб „Гладијатор“.
Истото го направи и женскиот тим во ката во состав на Мартина Арсовска, Андреа Алексовска и Теа Гашева.
Им посакуваме многу среќа!
Стефани Манева