Мартина и Марко од карате клуб „Гладијатор“ ќе ја претставуваат државата на Европско првенство за кадети
Мартина Арсовска во категорија У21 кати и Марко Поптодоровски во категорија јуниор кати, ќе земат учество на Европското првенство на кадети коешто ќе се одржи во Кипар, во месец февруари, следната година. Тие изминатиот викенд, беа дел од натпреварот „Плеј оф“ во Скопје, којшто, всушност претставуваше изборен натпревар за кандидати учесници на Европското првенство.
– За да се здобијат со статусот на репрезентативци, тие на државното првенство во Гостивар станаа државни прваци во своите дисциплини, а изминатиов викенд го потврдија својот статус на „плеј оф“ натпреварот во Скопје. На Европското првенство за кадети ќе ги бранат боите на нашата држава, соопштија од Карате клуб „Гладијатор“.
Инаку, тие без ниту еден пораз ја потврдија својата доминација во нивните категории.
Дума.мк