По 37-ми пат Меморијален кошаркарски турнир „Сестри Китеви“ во Кавадарци (фото)
Објавено: 4 септември, 2026, во 14:06 часот
Спортскиот дел на стопанско културната манифестација „Тиквешки гроздобер“, традиционално стартуваше со одржувањето на 37-миот Меморијален турнир во женска кошарка „Сестри Китеви 2026“.


Трајче Стојанов, советник во Општина Кавадарци, го отвори турнирот и во име на Советот и градоначалникот Митко Јанчев посака успешни натпревари и фер-плеј:
„Овој турнир не е само спортски настан, тој е наша традиција, наше сеќавање и начин да ја зачуваме споменот на сестрите Елизабета и Антоанета Китеви – кошаркарки на ЖКК ‘Тиквеш’ кои трагично ги загубија своите животи. Нашата определба е јасна – спортот да има свое заслужно место во животот на Кавадарци, а традициите кои имаат вредност да ги чуваме и надградуваме. Општина Кавадарци продолжува со силна поддршка за спортот и младите, создавајќи услови за нивни развој и успеси,“ рече Стојанов.


На турнирот освен домаќинките ЖКК „Про Баскет“ – Кавадарци учествуваат екипи од Гевгелија и од Делчево.
Убавка Јаневска

