Одбележани 85 години од смртта на поетот и револуционер Коле Неделковски – писателот Алтиев е добитник на наградата со неговото име (фото)

Објавено: 2 септември, 2026, во 16:15 часот

Претставници на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ и на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес денеска положија свежо цвеќе пред спомен бистите во училиштето во село Војница и во државното средното училиште во Велес кои го носат името на истакнатиот македонски поет и револуционер.

Во родното село Војница традиционално беше доделена престижната награда за животно дело „Коле Неделковски“ на годинешниот добитник Никола Алтиев од страна на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес.

Никола Алтиев е македонски писател, книжевен критичар, фолклорист и библиотекар. Тој е роден во Велес додека се образувал, работи и твори во Скопје. Неговото творештво го сочинуваат 23 поетски збирки, шест збирки раскази, три романи, две книги со книжевна критика, две книги од областа на фолклористиката, повеќе библиографии и една монографија.

Во Војница, денеска, исто така за ликот и делото на Коле Неделковски говореше Проф д-р Васил Тоциновски. Во чест на Неделковски беа прочитани и стихови инспирани од неговата поезија од страна на поетите од Велес.

Присутните ја посетија и музејската спомен соба на Неделковски.

Коле Неделковски е истакнат македонски поет и револуционер. Роден во село Војница, на 16 декември 1912 година а починал на 2 септември 1941 во Софија. Тој бил член на Македонскиот книжевен кружок во Софија. Првата стихозбирка „М’скавици“ е објавена во 1939 година. Во септември 1941 година, дванаесет дена по излегувањето од печат на збирката песни „Пеш по светот“, Неделковски бил откриен од полицијата како разнесувач на летоци. На 2 септември 1941 година, полицијата ја блокирала зградата во која живеел. Сиот материјал што можел да ги компромитира неговите другари, Неделковски го уништил, давајќи им оружен отпор на гонителите. А кога веќе немало надеж за спас, тој се фрлил од прозорецот на својата мансарда на тротоарот на улицата и така загинал.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.