Пораз на ФК „Борец“, бод за ФК „Локомотива тим“ од Градско
Објавено на 19 септември, 2021 во 17:57
Во натпревар од седмото коло на првата фудбалска лига “Борец“ гостуваше во Скопје и претрпе убедлив пораз од екипата на” Шкупи” со резултат 3:0. Ова беше лошо издание на фудбалерите на” Борец”и ќе мора да се „работи” на подигнување на квалитетот на играта на гостувањата.
Второлигашот „Локомотива тим” од Градско гостуваше во Кочани и со домаќинот „Осогово” одигра 2:2 со што по четири кола стигна до првиот бод во ова натпреварување како дебитант.
Лазар Лазаровски