Професор Иле Попов нов претседател на Сојузот на училишен спорт на Велес

Објавено на 15 март, 2022 во 15:17

На годишното изборно собрание на Сојузот за училишен спорт покрај изборот на нов претседател, се разгледуваше и работата во изминатиот период. Беше поднесен и финасискиот извештај.

Членовите на собранието констатираа дека сојузот работел според овластувањата и можностите. Му се заблагодарија на досегашниот претседател проф. Славчо Давитковски за успешната работа.

Професор Иле Попов по повод изборот изјави:

-Им благодарам на колегите за изборот. Ќе се потрудам да ја оправдам довербата. Многу брзо имаме активности. Ни започнуваат регионалните натпревари за основни и средни училишта. Потоа следат државните натпревари за основни и гимназијадата за средни училишта во Струмица.

Лазар Лазаровски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.