Први спортски велешки игри-„Атлантис Инвест Груп“

Објавено на 1 јуни, 2022 во 16:09

Околу 400 спортисти од Македонија ќе бидат  учесници на првите „Спортски велешки игри- Атлантис Инвест Груп“. Игрите ќе траат четири дена а спортистите од кои поголем дел активни  ќе се натпреваруваат во мал фудбал, одбојка на песок, баскет и тенис. Настанот ќе се случува на спортските терени на Градскиот парк.

„Почуствувавме дека на Велес му недостасуваа спортски настани.  Градот е со богата спортска традиција, сака да се врати на старите спортски патеки. Идејата за настанот ја ставивме на хартија, ја промовиравме пред Општината и како и што очекувавме наиде на одобрување. Пред околу еден месец започнаа првите подготовки. Идејата ја препозна и компанијата Атлантис Инвест груп која комплетно застана зад игрите и затоа тие и се насловени по името на генералниот покровител.

За прв пат во Велес ќе се игра баскет на специјална подлога. За добар натпревар неопходен е добар терен, затоа и очекуваме специјалната подлога да биде дополнителна причина за пријавување на повеќе екипи. Обновени се и останатите спортски терени.

Досега за учество пријавени се  14 екипи  во мал фудбал, за баскет натпреварите пријавени се 15 екипи, одбојка на песок  40 , 35-мина засега се пријавени за тенис натпревари. На оваа бројка на учесници треба да се додадат и учесниците во саботниот натпревар bench press&deadlift“, велат од „Евентиве“.

Вкупниот фонд на награди е 450.000, 00 денари.  Спортските игри се поддржани од Општина Велес а главен покровител е „Атлантис Инвест Груп“.

ПЈ текст

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.