Срамен ракометен чин на натпревар во Свети Николе,грубо удирани играчите на РК Бисинов Фруид ленд
Во натпревар од осмото коло на ракометната кадетска лига во Свети Николе се сретнаа екипите на РK „КЛ – 7“ и РК „Бисинов Фруид ленд“.
Наместо очекуваната интересна средба се случи неочекувано. Од само за нив познати причини и од ништо непредизвикани домаќините играа грубо, подло, ги удираа противничките ракометари и кога немаа топка кај себе. Без трунка срам се ова наидуваше на одобрување од клупата на домашниот тим од која не се криеше задоволството од подлата и срамна игра. Ракометарите на „Бисинов Фуид ленд“ се натпреваруваат во оваа конкуренција, но во просек се помлади за две години од противникот и физички не се рамноправни, што го зголемува револтот од случувањата во Свети Николе.
По натпреварот тренерот Никола Бисинов не го криеше разочарувањето:
“Нецивилизиран однос. Кога на натпревар во кадетска конкуренција се случуваат вакви работи да не помислам што би било да се сениори. Бидејќи ракометарите добиваа удари а не беа заштитени во игра оставив два играчи и голман, минимум што дозволуваат правилата. Што се однесува до резултатот, на полувреме „КЛ – 7“ водеше со резултат 16:12 а на крај натпртеварот заврши со 42:15. Коментар би бил излишен. “
Mожеби причината за неспортското однесување на светиниколските ракометари лежи во епилогот од есенскиот натпреварувачки дел кога изгубија од екипата на “Бисинов фруид ленд“ кога клубот од Свети Николе доживеа пораз. Исто така и на натпреварот со РК„Борец“ кога еден од тренерите на РК„ КЛ-7“ беше исклучен а потоа санкциониран од ракометната федерација и времено оддалечен од ракометот.
Од РК „Бисинов Фруд ленд“ веќе побарано е од комесарот на лигата да ја погледне снимката од натпреварот и да превземе мерки.
Лазар Лазаровски