Tенисерите конечно се вратија на терените
Се знае дека летото е сојузник на белиот спорт па така на тениските игралишта во Велес е живо. Го нема бројот од педесеттина тенисери што тренираа пред ковидот. Во моментов нивниот број изнесува околу 25 тенисери но, расте полека тенденцијата на повратници на терените.
Кога пред 11 години група ентузијасти организираа турнир на импровизираното игралиште позади општинското основно училиштето „ Блаже Конески“, малкумина очкуваа дека тенисот ќе ја привлече младата генерацја. Потоа се формираше ТК „Борец“, се играше на ракометното игралиште што беше преадаптирано за во 2015 година Агенцијата за спорт и млади да изгради два терени на кои се игра и сега.
Председателот на клубот Кире Раковски се потсетува на почетоците.
-Во 2010 година организиравме во спортската сала врвен настан, средба во рамките на „Дејвис купот“ помеѓу репрезентациите на Македонија и Босна и Херцеговина. И годинава во месец август организираме првенство на Македонија за деца до 8 години и до 10 години. Еден месец подоцна во план се турнр за јуниори до 16 години и Сениорскиот „Велес орен“ што се одржува со подршка на општината. Во моментов тренинзите ги води Дејан Тодоров а во клубот порано работеа Васко Здравкин, Филип Раковски и Бруно Ставревски. Освојувани се повеке турнири, први втори и трети места. Меѓу поуспешните тенисери ке ги споменеме Љупчо Црвенпанов, Бруно Ставревски, Елена Џунова, Славјанка Андреева, Филип Раковски, Луси Атанасова, Лидија Поцкова, рече Раковски.
Во Велес, зимата и ладното време се проблем за тенисот. Тогаш се тренира во училишните спортски сали каде условите не се соодветни за овој вид спорт. Тенисерите се надеваат дека многу брзо ке биде надминат и овој проблем.
Лазар Лазаровски