Успешен настап на борачите пионери на велешки „Борец“, Зејнелов најдоминантен
Објавено на 29 јануари, 2022 во 21:51
Прилеп беше домакин на изборното државно првенство на Македонија во борење слободен стил за пионери. Учествуваа 13 екипи а екипата на боречкиот клуб „Борец“ екипно е пета, додека поединечно освоени се по едно прво и второ место како и две трети.
Борачот Ердин Зејнелов во категоријата до 75 кг. го освои првото место забележувајки шест победи во шестте борби, сите со технички туш. Тој покажа одлична подготвеност и докажа дека со право се смета за еден од најперспективните борачи во државата.
Зејнелов го повтори минатогодишниот успех кога беше најдобар и годинава го надмина бидејќи беше уште подоминантен.
Лазар Лазаровски