Успешен настап на каратистите на КК „ Гладијатор“

На државното првенство во карате за деца од 11 до 14 годишна возраст, одржано во Гостивар, велешани остварија инзворедни резултати со кои се стекнаа со право на настап на балканското првенство во Босна и Херцеговина.
Освоени се пет златни медали и тоа: Ката тим 2011-2012 годиште, Тодор Сутинов ката машки, Кристијан Главинов ката, Ѓорги Стојанов борби до 50 кг, Бојан Јовановски категорија над 70 килограми.
Втори места и сребрени медали освоија: Матеј Стојановски до 45 кг борби 2011 годиште и Иван Ѓурчиновски ката 2011 годиште.

Со бронзени медали се закитија: Матео Ѓоргиев ката 2011 година, Паула Игеска ката 2009 година, Драгана Цебова до 35 килограми во борби 2010 година и Ивана Теова во борби до 40 килограми, 2009 година.
Каратистите на „Гладијатор“ ги очекува и Европско првенство во Прага. На изборните натпревари освоени се три први места. Андреја Алексовка победи во ката јуниори, Марко Поптодоров во ката кадети и Лука Бацковиќ во борба над 70 килограми кадети. Тие ќе бидат во состав на државната репрезентација.
На европското во Прага ќе ги видиме и Клементина Војдиновска и Маја Војдиновска Ѓоргиева како меѓународни судии кои ќе судат и полагаат за повисоки судиски рангови.
Лазар Лазаровски
