„Вардар“ од Скопје е победник на купот на „ЗСР Бабуна”, најголема риба улови Тоше Петрушев од домашната екипа

Објавено: 27 септември, 2021, во 10:17 часот

Здружението на спортски риболовци„ Бабуна“ од Велес го одржа традиционалниот куп во спортски риболов по 41 ви пат.

На патеката на реката Вардар крај Железен мост учествуваа 12 екипи. Победник е „Вардар“ од Скопје пред “Мак дам” Куманово а трета е екипата на „Бабуна“.

Поединечно Тоше Петрушев од Бабуна е прв пред клупскиот соиграч Марјан Лититаров додека трет е Иванчо Богоевскиод од скопски „Вардар“. Најголема риба улови Тоше Петрушев од “Бабуна”. Рибата од видот „клен“ тежеше 466 грама.

Лазар Лазаровски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.