Во претстојниот викенд два фудбалски натпревари, по еден во Градско и во Велес

Објавено на 9 септември, 2021 во 13:01
Тренинг на ФК „Локомотива“

По паузата во првенствата поради обврските на државната репрезентација, викендов што престои, продолжуваат натпреварите на првата и вторите фудбалски лиги.

Во сабота во Градско “Тим Локомотива” ја пречекува екипата на „Слога” Виница. Натпреварот се игра во рамките на третото коло на втората фудбалска лига-исток. За домашните оваа средба е шанса да стигнат до првите бодови во ова натпреварување во дебитанската сезона. Натпреварот се игра на игралиштето во Градско со почеток во 16 часот.

Тренинг на ФК„Борец“

Во недела на Градски стадион „Зоран Паунов“ во Велес со почеток во 16 часот во натпревар од шестото коло на првата фудбалска лига „Борец” ја пречекува екипата на битолски „Пелистер“.

За велешани само победа е опција и најавуваат добра игра како и освојување на трите бода кои се неопходни за факање приклучок со екипите во средина на табелата.

Лазар Лазаровски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.