Во водите на езеро „Младост“ се одржа „Велешки пливачки маратон 2023“

Објавено на 2 септември, 2023 во 17:35

Со учество на 40-тина пливачи се одржа 10 традиционален „Велешки пливачки маратон“. Денеска аматерите пливаа на патека долга 2 500 метри во која победник е Дарко Поп Ацев со време 44.07. Во женска конкуренција Теодора Соколова со време од 1 час 7 минути и 41 секунда. На патеката од 800 метри Матеа Јанкоска пливаше за 18 м.18 секунди.

Кај сениорите  во професионална категорија победи Евгениј Поп Ацев од „Вардар 2018“ со време 30.20. Во женска конкуренција Јана Костадиновска  од пливачкиот клуб„ Младост“ имаше време36. 47.

Во категорија „2006-2008“ најдобри беа Петар Цеков од „Вардар 2018“ со време 30.29 и Ивана Неделковска од „Скопје“ со време 34.19.

Во категорија „2009-2011“ победници се Давид Неделковски од ПК „Скопје“ со време 35.57 и Емилија Велкова од  ПК „Нептун“ со време 36.59.

Наградите ги доделија Томи Стефановски од пливачката федерација, советникот Коста Нојков и градоначалникот Марко Колев.

Лазар Лазаровски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.