Жена којашто била инспирација за анимираниот лик Бети Буп
Бети Буп е цртан лик, но според популарноста и препознатливоста, таа далеку ги надмина границите на тој медиум. Се наоѓа во стрипови, на маици, таа е дел од реклами, а нејзиниот „буп-ап-дуп“ е познат низ целиот свет. Сепак, приказната за жената (или жените) кои послужиле како инспирација за создавањето на овој сензуален (и донекаде скандалозен) цртан лик е во голема мера непозната.
Бети Буп настанала во студиото „Флешер“, каде што дебитирала на 9 август 1930 година и многу брзо станала многу популарна во низата истоимени краткометражни цртани филмови на „Paramount Pictures“.
Нејзиниот творец, Макс Флешер, не криел дека како инспирација му послужиле неколку познати американски забавувачки во тоа време, од кои најимпресивен бил ликот на пејачката Хелен Кејн. Аниматорот на ликот, Грим Натвик, врз основа на песната „Буп-Буп-А-Дуп“ која ја изведувала Хелен Кејн, создал цртан лик на кој ќе му одговараат овие зборови, а таа фраза наскоро стана заштитен знак на целиот цртан серијал.
По повеќегодишни судски спорови кои се претвориле во медиумски циркус, сето тоа завршило без вистински победник – Хелен Кејн продолжила да тврди дека таа е инспирација за Бети, Paramount Pictures никогаш не и платил никаков надомест, а провокативната хероина од цртаните филмови продолжи да го изведува својот, се полегендарен „буп-а-дуп“ во секој цртан филм во кој се појавувала.
Денес, Естер Џонс е заборавена. И славата на Хелен Кејн избледе и главно никој не се сеќава на неа. Само Бети Буп се уште живее на екраните. И, се разбира, секогаш го изговара познатото „буп-а-дуп“.