207 санкции за прекршоци што ги прават пешаците

Објавено на 6 јули, 2023 во 13:08

Во текот на вчерашниот ден, во периодот од 08.00 до 14.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците.

-При контролата, санкционирани се 207 пешаци од кои, 185 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин…За време на контролата санкционирани се и 112 други видови на прекршоци, додадоа од МВР.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.