Спроведена акциска контрола и казнети 213 возачи на мотоцикли на територијата на цела држава
Објавено на 1 јули, 2021 во 11:57
Во текот на вчерашниот ден била спроведена зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 213 возачи.
Од нив, 135 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 42 возеле без возачка дозвола, девет мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци, велат од МВР.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.