АМСМ: На граничните премини од македонска страна, нема поголеми задржувања

Објавено на 9 август, 2023 во 09:36

На магистралниот пат А-3 кај село Очипала, на патниот правец Македонска Каменица-Делчево , сообраќајот се одвива наизменично во една коловозна лента за сите видови на возила.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.