АМСМ: Поради минирање три часовен прекин на сообраќајот на патот Кичево – Охрид

Објавено на 7 септември, 2021 во 09:41

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.

На ден 07.09.2021 (вторник) на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – Песочан, поради изведување градежни работи на пат (минирање) сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 11:00ч. – 14:00ч. во времетраење од 15 – 20 минути.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.