АМСМ: Шест часовен прекин на сообраќајот на патот од Подвис до Кривогаштани

Објавено на 2 ноември, 2022 во 09:32

Од вторник 1 ноември до петок 04 ноември 2022 година ќе се извршуваат градежни зафати, асфалтирање, на патниот правец R2335 од Подвис до Кривогаштани. Тоа е причина за прекин на сообраќајот на овој потег на патот во двата правци од 10:00 до 16:00 часот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај до 31.10.2022 за возила со вкупна маса до 3,5 тони.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.