АМСМ: Поради градежни работи сообраќајот на патот Блаце – Скопје се пренасочува по околни патишта
Од 3 ноември 2022 година започнаа градежни работи на државниот пат А4, делница Блаце – Скопје.Градежните работи почнуваат со комплетно затворање на делницата од 11,56 километар до 12,7 километар и пренасочување на сообраќајот по околната сообраќајна мрежа.
Денеска на камеоноломот Говрлево ќе биде извршено минирање.Минирањето ќе се изведува помеѓу 10 и 15 часот.
Од 01 ноември,годинава, до петок 04 ноември ќе се извршуваат градежни зафати (асфалтирање) на патниот правец R2335 од Подвис до Кривогаштани така што сообраќајот на тој потег ќе биде во прекин во двата правци од 10:00 до 16:00 часот.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, отворен е за сообраќај до 31.10.2022 за возила со вкупна маса до 3,5 тони.