Бектеши: Обновениот камп „Ливадишта“ ќе влијае на економски раст и развој на Струга
Во знакот на официјален почеток на сезоната, која заради пандемијата започнува подоцна од вообичаено, денеска беше направена посета и обиколка на Автокампот „Ливадишта“ – Радожда – Струга, како и претставување на обновените содржини во Кампот и обидите за враќање на сјајот на Автокампот „Ливадишта“.
На настанот, присуствуваше министерот за економијарешник Бектеши, Министерот за информатичко општество и администрагија Јетон Шаќири, директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на тиризмот Љупчо Јаневски и управителот на „ЕЛЕМ ТУРС“ Адем Авзиу.
„За Владата на РСМ, за Министерството за економија како надлежно за туризам во земјава, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, многу е важно ваквите локации да бидат развиени, со цел да се привлечат што е можно повеќе домашни и странски туристи. Би сакал да им честитам, пред се на менаџментот на „ЕЛЕМ ТУРС“ за инвестициите што ги прават за да ги подобрат условите за сите посетители на Кампот „Ливадишта“ што ќе влијае и на економски раст и развој и на општина Струга, како и околните општини во струшко – охридскиот регион“- рече министерот Бектеши.
„Автокампот Ливадишта е вистински пример за тоа како треба да се движи туризмот во делот на кампови во земјава во постковид време кога од особено значење е како да се Посакувам за две до три години овој автокамп да се закити со првата „зелена ѕвезда“ со категоризирање на плажите и дополнително да биде првиот самоодржлив камп во земјава. Ова уште пповеќе е важно затоа што Владата, Министерството за економија и АППТР започнуваме еден зелен циклус што опфаќа обновување на камповите во државава – нагласи директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Јаневски.
„Особено ми е драго што имаме можност и официјално да го прогласиме за отворен за оваа сезона Автокампот „Ливадишта“ во услови на пандемија. Преземени се значителни чекори за подобрување на условите и безбедноста на овој Автокамп, каде што сите посетители и корисници на Автокампот можат да уживаат во летото. Посебно би сакал да изразам благодарност за поддршката од Министерството за економија и од Владата што ја имаме и би сакал да подвлечам дека ние не застануваме тука. Ќе продолжиме да ги подобруваме условите во сите капацитети со кои стопанисува „ЕЛЕМ ТУРС“ ДООЕЛ Скопје. Повелете во Автокампот Ливадишта, на најубавата плажа на охридското крајбрежје, сите сте добредојдени – подвлече управителот на „ЕЛЕМ ТУРС“ Авзиу.