Бесплатен повик на 112 во случај на ризик и опасности
Објавено на 9 февруари, 2022 во 15:38
Портпаролите на Владата на денешната пресс – конференција информираа е донесена Уредба за организацијата и функционирањето на единствениот комуникациско-информативен систем со единствен број на повикување во случај на ризици, опасности и други несреќи на целата територија на Републиката – Е-112.
– Со него се обезбедува брзина и ефикасност во постапувањето при итни повици за итни случаи за помош и се овозможува достапност до системот на сите лица на територијата на Република Северна Македонија, без надоместок од сите телефонски мобилни или фиксни оператори, велат потпаролите, сооштија на денешната конференција.